Вориорси го отпуштија, Лејкерси му дадоа договор

од Nikola Popovski

Американскиот кошаркар Ејвори Бредли се врати во Л.А. Лејкерс, објави познатиот НБА клуб. Искусниот бек неодамна доби отказ од Голден Стејт Вориорс, а Лејкерс потпишаа незагарантиран договор со него.

Бредли имаше просек од 8,6 поени на 49 натпревари во шампионатот во сезоната 2019/2020 за Лејкерс. Покрај Бредли, во Лејкерс пред новата сезона се вратија и Двајт Хауард, Ражон Рондо, Тревор Ариза, Кент Бејсмор и Вејн Елингтон.

Тимот исто така го засилија Расел Вестбрук, Кармело Ентони, Деандре Џордан, Малик Манк и Кендрик Нан.

Фото: Chris Elise/NBAE via Getty Images

Слични содржини