Воспитувачка од Кина осудена на смртна казна: Отрула 25 деца во градинка

од Stefanija Kuzmanovska

Воспитувачка од Кина е осудена на смртна казна затоа што отрула 25 деца во градинката каде што работела, од кои едно починало, пишува Би-Би-Си.

Воспитувачката Ванг Јун беше уапсена минатата година кога деца од градинка во градот Џиaзуо завршија во болница затоа што им се слошило откако јаделе каша за појадок.

Потоа 23 деца започнале да повраќаат и да ја губат свеста откако појадувале.

Судот утврди дека воспитувачката им ставила натриум нитрит во појадокот на децата на друг учител, откако се скарале околу прашања за управувањето.

Тоа не било прв пат Ванг Јун да отруе некого, бидејќи судењето покажало дека таа претходно го ставила истиот отров во храната на нејзиниот сопруг, кој поминал со полесни тегоби.

 

 

Слични содржини