Воведени мерки за 2,6 милијарди луѓе ширум светот поради коронавирусот

од Vladimir Zorba


Воведени се посебни мерки поради ширење на коронавирусот за 2,6 милијарди луѓе ширум светот, пренесе АФП.

Бројот на лица кои се обврзани да ги почитуваат посебните мерки во светот се зголеми откако индиските власти ја затворија земјата целосно во 19:30 часот денес.

Повеќето земји, вклучително и Индија, Велика Британија, Франција, Италија и Колумбија, воведоа најстроги мерки за борба против вирусот.

Другите земји во светот наметнаа полициски час, карантин и сериозни препораки населението да остане дома, пренесува агенцијата „Нахарнет“.

Според последните податоци, во светот се заразени вкупно 417.663 лица, 18.605 починале, а 108.312 се опоравиле.

Слични содржини