Воведено ново правило за „рекреативните дроги“

од Stefanija Kuzmanovska

Светската антидопинг агенција донесе нова регулатива која се однесува на „рекреативните дроги“.

Како што е наведено, ќе се ублажат казните за спортистите кои ќе бидат позитивно тестирани на овие супстанции надвор од натпреварувањата.

Според досегашните регулативи, секој позитивен резултат на допинг тест резултираше во двегодишна забрана за настап.

Од WADA соопштија дека оние спортисти кои се позитивни на супстанции кои не придонесуваат за постигнување подобар резултат од 1 јануари 2021 година, ќе бидат суспендирани само на еден месец.

Тие ќе добијат намалена казна ако се согласат на рехабилитационен третман.

Причината за ублажување на казните за спортистите кои користат „рекреативни дроги“ е желбата да се зголеми фокусот на вистинските измамници.

Слични содржини