Воз удри во Авганистанец кај Криволак

од Берта Китинска

Вчера во 16:38 часот било пријавено дека во непосредна близина на железничка станица „Криволак“, при разминување на два товарни воза помеѓу два колосеци, товарниот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје удрил во Е.О. од Авганистан.

-Притоа, Е.О. се здобил со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Неготино – информира полицијата.

Слични содржини