Воз удри во „голф“ кај Сарај, еден повреден

од Берта Китинска

Воз удрил во автомобил на патниот премин Сарај – Кондово на железничката пруга Скопје – Тетово.

Како што соопштува полицијата, несреќата се случила вчера околу 12:30 часот.

-Се случила железничка незгода во која учествувале локомотива ТМД-Рабел управувана од Ќ.Ќ.(56) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобил возачот на возилото, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Железничкиот сообраќај бил во прекин до 14.55 часот, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Слични содржини