Возач на Ф1 објави снимка на која тој допира девојка по градите

од Stefanija Kuzmanovska

21-годишниот возач на Формула 1, Никита Мазепин, објави и избриша видео на кое се гледа како тој допира девојка по градите во автомобил.

Мазепин, кој има договор со Хас и ќе дебитира во Формула 1 следната сезона, се најде на удар на јавноста и некои навивачи на Хас повикаа на раскин на неговиот договор.

На снимката се гледа како девојката се обидува да ја тргне неговата рака, а потоа покажува со средниот прст кон камерата.

По бројните реакции, Мазепин се извини.

Хас го осуди неговото однесување и објавувањето на снимката го нарече одвратен чин.

Слични содржини