Возач повредил две лица кои регулирале сообраќај на Мавровската брана

од Vladimir Zorba

Возач на камион од Дебар вчера е лишен од слобода под сомнение дека повредил две лица кои го регулирале сообраќајот на патот кај Мавровската брана. Тој не ги почитувал укажувањата да застане и продолжил со движење.

Од СВР Тетово информираа дека околу пладне на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар кај месноста „Ростушко анче“ од слобода е лишен Д.П. (54) од Дебар. Овој возач на товарно возило, неполн час претходно бил пријавен од П.Т. (48) од гостиварско Беловиште. Пријавувачот бил ангажиран преку фирма за обезбедување да го регулира сообраќајот поради изведување на градежни работи на патот близу Мавровската брана.

Според пријавата, Д.П. не застанал со неговото товарно возило и го повредил него и неговиот колега кои се обиделе да го запрат.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Двете повредени лица побарале медицинска помош во гостиварската болница, каде ги утврдиле видот и карактерот на повредите и се надвор од животна опасност.

Слични содржини