Возач прегазил 54-годишен маж и избеглал

од Stefanija Kuzmanovska

На 02.01.2023 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од с.Катланово кон с.Градманци, скопско, патничко возило удрило во А.А.(54) од с.Катланово, по што го напуштило местото.

А.А. починал, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини