Возач заврши во болница откако „хјундаи“ удри во паркирано комбе

од Nikola Popovski
20 прегледи

Полицијата соопшти дека синоќа во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(43) од село Трубарево, скопско, удрило во паркирано товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини