Возење на скутер и романтични прошетки: Емануел и Брижит Макрон заминаа на одмор (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Емануел и Брижит Макрон паузираат од напорната година зад себе, во која поминаа и претседателски избори, па пред неколку дена „побегнаа“ од градската гужва на остров на француската ривиера каде практично ништо друго не постои освен средновековната тврдина – Brégançon, каде што престојуваат.

И додека францускиот претседател и првата дама уживаат во одморот, папараците напорно се потрудија да дојдат до ексклузивни фотографии, а судејќи по возбудата на социјалните мрежи, вредеше трудот.

Макрон бил „уловен“ во моменти на опуштање, додека возел кану и скутер, но и додека се сончал на плажа.

Овие фотографии кружат на Инстаграм и Твитер.

Жените, пак, забележале дека Макрон веќе успеал да се исонча, но и дека го краси одлично торзо и извајани бицепси.

Инаку, Брижит и Емануел закотвија скапа јахта во близина на горенаведеното островче, па на неа во неколку наврати беа видени. Меѓутоа, додека францускиот претседател гордо го покажува своето тело во шорцеви за капење, неговата 24 години постара сопруга вешто се крие од папараците.

Покрај фотографиите на Брижит во костим за капење, внимание привлекоа и фотографиите на првата дама во опуштени изданија на плажа – во бела, широка кошула и кратко здолниште во маслинесто зелена боја. Јавноста уште еднаш се увери дека првата дама на Франција навистина има неверојатно витки и затегнати нозе!

Исто така, може да се види како Брижит изгледа без шминка и беспрекорно обликувана коса, со очила за сонце.

Публиката беше воодушевена од слатките, романтични моменти на оваа позната двојка, иако со години се вљубени, Емануел очигледно не заборавил на романтиката – не се одвојува од Брижит, постојано се држат за раце.

Слични содржини