Возењето е корисно за здравјето на постарите луѓе, пишува  “Дејли експрес”, повикувајќи се на резултатите од едно американско истражување.41691aac9de72d387ce40121d8ce1f7a

Управувањето со возило не само што ги стимулира когнитивните функции, штитејќи ги индивидуите од невродегенеративни состојби како деменција, но може и да го забави и процесот на стареење.

Авторите на оваа студија од Универзитетот Колумбија во Њујорк утврдиле дека кога возрасни луѓе ќе прекинат со возењето, психичкото и физичкото здравје се влошува.

Загубата на независност често доведува до појава на симптоми на депресија. Претходните студии исто така покажаа дека престанувањето со возење ги зголемува депресивните симптоми.

“За многу возрасни луѓе возењето е незаменлив дел од секојдневието и е сериозен индикатор за самоконтрола, лична слобода и независност. Неизбежно меѓутоа со староста настапува моментот, во кој тие треба да одлучат дали да продолжат да возат, или да се откажат од управувањето на возило. Кога овој момент дојде, треба да се земат предвид последиците од одбивањето од возење и да се подготват индивидуални планови за зачувување на подвижноста и социјалните функции “, вели д-р Гохуа Ли од истражувачкиот тим.

Слични содржини