Возило излета од пат, загина едно лице

од Stefanija Kuzmanovska

На 16.04.2023 во 13.55 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Елевци – с.Евла, Центар Жупа, патничко возило „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од с.Враништа, излетало надвор од коловозот.

На местото на несреќата починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар, соопшти МВР.

Слични содржини