Вознемирувачки детали од несреќата на Ен Хеч: Објавена и снимка од камера

од Stefanija Kuzmanovska

Популарната холивудска актерка Ен Хеч во петокот доживеа тешка сообраќајна несреќа, поради што моментално е во кома.

Јавноста беше шокирана од веста дека Ен доживеала тешка сообраќајна несреќа кога со својот Mini Cooper удрила во гаражата на една куќа во населбата Мар Виста во Лос Анџелес.

„Возилото се движело со голема брзина, влегло во раскрсница и удрило во куќа“, изјави портпаролот на полицијата во Лос Анџелес.

Автомобилот на актерката потоа се запалил, а таа била пренесена во болница во критична состојба со страшни изгореници, јавува Си-Ен-Ен.

Фотографиите и видеата покажуваат дека актерката изгледа зашеметено зад воланот откако првично излетала од патот, а сведок ја снимил со шише (најверојатно со алкохол) во нејзиниот автомобил.

Подоцна таа брзо повторно излетала од патот, пробила ограда и со брзина од 150 километри на час удрила во блиска куќа, а сопственикот на куќата успеал да побегне без повреди.

На објавената снимка од безбедносните камери се гледа и како актерката пред тоа за малку ќе прегазила пешак.

Полицијата во Лос Анџелес добила налог да ја тестира крвта на актерката за да утврди дали во моментот на несреќата била под дејство на алкохол или дрога.

Слични содржини