(Вознемирувачки Фотографии) Осакатени демонстранти во Центарот за итни случаи во Белград

од Vladimir Zorba

За време на граѓанскиот протест во центарот на Белград и судирите меѓу демонстрантите и полицијата и жандармеријата, екипите на Брзата помош и лекарите од Ургентниот центар имале преполни раце, а социјалните мрежи беа преплавени со застрашувачки фотографии кои покажуваат тешки повреди кои многумина ги претрпеле.

Труење со солзавец, повреди предизвикани од брутално тепање со палки, шутирање, но и трчање во стампедо, се само некои од причините зошто демонстрантите синоќа побарале лекарска помош.

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии кои јасно докажуваат дека членовите на српското МВР не биле воздржани, како што вчера тврдеше директорот на полицијата, Владимир Ребиќ.

Од Брзата помош за Нова рс изјавуваат дека на демонстрациите во Белград се повредени 36 лица.

Оттаму додаваат дека за време на синоќешниот протест во Белград, повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти.

Слични содржини