ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Леопард нападна луѓе, петмина завршија во болница

од Stefanija Kuzmanovska

Паника завладеа во населба во Индоре, најнаселениот и најголем град во индиската држава Мадја Прадеш, откако леопард нападна и повреди пет лица денеска, соопшти полицијата.

Според локалната полиција, заради инцидентот биле ангажирани и службеници од Одделот за шуми.

Откако Индија воведе мерки за затворање поради пандемијата на коронавирусот минатиот март, неколку животни, вклучително и загрозени видови, беа забележани како лутаат по улиците во различни делови на земјата.

Видео од леопардот кој напаѓа луѓе стана популарно на социјалните мрежи.

Видеото покажува како леопард напаѓа полицаец додека другите вклучени во акцијата за спасување се обидуваат да го свртат вниманието на дивото животно од припадникот на полицијата. Се слуша шум, а леопардот, исплашен од бучавата, се обидува да се одбрани.

На службениците на Одделот за шуми им беа потребни неколку часа да го уловат дивото животно. Повредените лица се итно пренесени во болницата, пренесува „Спутник Интернешнл“.

Слични содржини