ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Мајки ги фрлаат бебиња преку бодликава жица, плачат и војниците!

од Stefanija Kuzmanovska

Во светските медиуми и на социјалните мрежи се појави шокантна снимка од мајка која се обидува да го префрли своето бебе преку жицата на британските падобранци на аеродромот во Кабул, молејќи ги да го однесат на безбедно.

– Мајките беа очајни, Талибанците ги тепаа. Викаа „спаси ми го бебето“ и ги фрлија бебињата кон нас, некои од нив паднаа на бодликавата жица. Беше страшно тоа што се случи. До крајот на ноќта, меѓу нас немаше човек што не плачеше – тивко рече офицерот на падобранскиот полк, пренесува „Indenpendent“.

Влезот во хотелот Барон стана жариште каде Авганистанците кои бараа засолниште во Велика Британија се собраа со надеж дека ќе успеат да избегаат од канџите на Талибанците.

Британија во моментов ги евакуира британските граѓани и Авганистанците кои работеа за владата за време на 20-годишната војна.

Најновото видео, кое ги обиколи социјалните мрежи, наводно е направено во Кабул, а на него се гледа како голема група луѓе се туркаат по оградата од бодликава жица.

Во еден момент додека камерата ротира, се гледа како бебето е кренато во воздух и турнато, навидум во обид да се движи по бодликавата жица.

Висок воен офицер зборуваше за шокантните сцени, пренесува „Курир“.

– Беше ужасно, жените ги фрлаа своите бебиња преку бодликавата жица, барајќи од војниците да ги однесат, некои бебиња паднаа на жицата. Загрижен сум за моите луѓе, синоќа сите плачеа – рече тој.

Слични содржини