ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маж среде бел ден нападнал девојка на улица и ја напастувал

од Stefanija Kuzmanovska

Безбедносна камера од улица во Њујорк сними вознемирувачки напад од непознато машко лице, кое се обиде да нападне девојка на јавно место.

Вознемирувачки уличен напад се случил на авенијата Морган во Њујорк на 28 јуни околу 20 часот. Имено, непознат маж скокнал врз девојка (35) додека таа одела, а безбедносните камери снимиле сè.

Како што може да се види на видеото, мажот ја следел девојката некое време, а во еден момент скокнал врз неа и ја фрлил на тротоарот. Медиумите јавуваат дека манијакот се обидел да ја напастува и дека ја навлекол раката во нејзините шорцеви.

По некое време се гледа дека станува и се оддалечува. Девојката по нападот наводно изјавила дека не претрпела сериозни повреди, одбивајќи медицинска интервенција.

По напаѓачот се уште се трага, а според полицијата, тој е висок 165 сантиметри и тежок околу 74 килограми, има потемна кожа и црна коса. Снимките од безбедносните камери покажуваат дека тој во моментот на нападот носел црна маица, маскирни панталони и црни патики.

Слични содржини