ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО од извлекување на момче од урнатините во Сирија

од Stefanija Kuzmanovska

Агенцијата „Ројтерс“ објави шокантна снимка од извлекување на мало дете од урнатините во Сирија.

Видеото е снимено во раните утрински часови во Сирија, по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Според достапните информации, во Турција и Сирија загинале над 600 луѓе, а илјадници од нив се повредени.

Спасувачите работат на температури под нулата, но огромен број луѓе се уште се заробени под урнатините. На објавеното видео се гледа момче кое е спасено, но се стравува дека илјадници луѓе се заробени.

Да потсетиме, серија земјотреси утрово ги погодија Турција и Сирија.

Слични содржини