(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Протестите загрозуваат се повеќе животи: ЗАПАЛЕН ПОЛИЦАЕЦ

од Stefanija Kuzmanovska
Демонстрантите запалија полицаец во Мексико за време на протестот поради смртта на Мексиканецот Џорџ Флојд – притвореник кој почина веднаш по неговото апсење.

Инцидентот се случил во градот Гвадалахара, главниот град на мексиканската држава Халиско, пренесува РТ.

Видеото, кое се шири на социјалните мрежи, прикажува група полицајци со мотоцикли кои се обидуваат да ги растераат демонстрантите.

Во еден момент, демонстрант со маска и очила за сонце на лицето поли еден од полицајците по грбот и го запали.

Полицаецот падна од моторот, а неговите колеги и минувачи се обидоа да му помогнат и да го изгаснат огнот.

Протестите во Мексико започнаа по смртта на Џовани Лопез (30), кој беше уапсен недалеку од Гвадалахара.

Неколку часа по апсењето, тој беше однесен од затворот во болница, каде што почина.

Неговиот брат објави фотографии на кои се гледа како полицијата користи сила при апсење на Лопез.

Беше објавено дека Лопез е уапсен затоа што не носел маска на јавно место, со што не ги почитувал мерките пропишани во борбата против коронавирусот. Меѓутоа, властите ги демантираа ваквите тврдења, а околностите се истражуваат.

Слични содржини