ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Воен авион се заби во зграда во Русија, загинаа 13 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Спасувачите извлекоа тела на 13 лица, од кои три деца, во деветкатница во рускиот град Јејск, која вчера беше погодена од бомбардер Су-34, изјави за „Интерфакс“ висок функционер.

Помошникот министер за здравство Алексеј Кузњецов изјави дека 19 лица се повредени при ударот на авион во зграда, кога се запалил дел од зградата. Пилотите се катапултирале откако моторот се запалил.

Јејск е одделен од територијата окупирана од Русија во јужна Украина со тесен појас на Азовското Море.

Воениот информативен канал Звезда објави видео на кое јасно се гледа експлозија на Сухој Су-34, суперсоничен бомбардер со среден дострел, кога удри во зградата. Снимката од местото на настанот покажува големи делови од деветкатницата во пламен по падот на авионот.

Се огласи и Путин

Кремљ соопшти дека претседателот Владимир Путин наредил да им се обезбеди сета потребна помош на жртвите. Наредил и министерот за здравство да полета и да се упати во регионот.

Инцидентот се случи речиси осум месеци откако Русија ги испрати своите сили во Украина.

Слични содржини