Вработен во фабрика во Кавадарци позитивен на коронавирус

од Берта Китинска

Вработен во фабриката Дрекслмаер е новиот позитивен случај на коронавирус во Кавадарци. Ова за МИА го потврди докторот Ристе Јовановски, специјалист при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Јовановски појасни дека се работи за 55-годишен маж кој имал лесна клиничка слика и бил на домашно лекување. Се утврдуваат неговите контакти, со цел нивна изолација.

Слични содржини