Вработен во градинка во Скопје со коронавирус

од Берта Китинска

Вработен во градинка во Скопје има Ковид-19, информира Министерството за здравство.

Вработениот е тестиран во рамки на скринингот со кој во изминатото деноноќие биле тестирани 209 лица.

Ова втор позитивен случај од тестирањето на вработените во градинките. Пред два дена Министерството за здравство информираше дека позитивно на коронавирусот е и едно лице вработено во градинка во Битола.

Инаку, скринингот во градинките почна на 13 мај и со него треба да се опфатат околу 2 000 вработени. Целта е изготвување на протоколот за работа на градинките за нивно ставање во функција.

Министерот за здравство Венко Филипче порача дека додека не се осигураат дека сите брисеви се негативни, нема да се носи одлука за отворање на градинките.

Слични содржини