Вработен во канцеларијата на Меркел шпионирал за Египет

од Vladimir Zorba

Се сомнева дека службеник во канцеларијата за односи со јавност на германската влада со години шпионирал за странска земја. Но, дури и не за суперсила – туку за Египет.

Како што беше претставено во извештајот на германската служба за заштита на уставниот поредок овој четврток, германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер откри дека е покрената постапка против член на владата за односи со јавност во декември минатата година, поради основано сомнение дека шпионирал за странска земја.

Главниот државен обвинител Питер Френк им потврди на новинарите на весникот „Билд“ дека навистина се води постапка против едно лице со „странско потекло“ од таа канцеларија. Тој извршувал должност од „среден ранг“ и пред се бил задолжен за службата што се грижи за посетителите. Државниот обвинител исто така потврди дека неговите простории веќе биле претресени.

Самата канцеларија за односи со јавност, предводена од владиниот портпарол Штефен Зајберт, одби да го коментира откритието: „Ние не даваме извештаи за тековните истраги или за личните работи на поединци“, изјави еден од службените лица на Кабинетот за новинарите.

Според Канцеларијата за заштита на уставниот поредок, египетската генерална разузнавачка служба (ГИС) и египетската служба за национална безбедност (НСС) веќе долго време се активни во Германија. Нивната главна цел е да соберат информации за припадниците на египетската опозиција кои живеат во Германија, како што се членови на Муслиманското братство. Исто така, тие се заинтересирани за информации за активностите на христијанската Коптска заедница.

Официјален претставник на канцеларијата на владата може да има пристап до одредени информации за германските служби што може да ги користат египетските служби со цел да ги убеди тие Египќани да соработуваат со тамошните служби.

Слични содржини