Вработен во општина Кисела Вода заразен со вирусот Ковид-19

од Берта Китинска

Вработен во Општина Кисела Вода е заразен со вирусот Ковид-19, а пет негови колеги се во изолација, информираат од општината.

Денеска градоначалникот Филип Темелковски свика редовен состанок на општинскиот кризен штаб на кој беше констатирано дека вработен во Општина Кисела Вода е заразен со вирусот Ковид-19.

На состанокот од страна на членовите на кризниот штаб беа разгледани можните ризици заради настанатата ситуација, а беа донесени и важни препораки како за вработените така и за жителите на Општината.

„За состојбата во Општина Кисела Вода информиран е Центарот за јавно здравје од каде се добиени препораки за понатамошно постапување. Општина Кисела Вода соопштува дека до 12 мај кога завршува карантинот на петте вработени лица кои биле во контакт со заболеното лице, Општината нема да работи со странки“, соопштија од Општината.

Слични содржини