Вработени во јавниот сектор кои се ослободени од работа годишниот одмор од 2019, ќе им се смета за искористен

од Берта Китинска

Владата ја донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба во согласност со која вработените во јавниот сектор, кои работно се ангажирани за времетраење на привремените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот Ковид-19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година може да го искористат до 31 мај 2020 година во согласност со потребите на работниот процес и врз основа на одобрение на раководното лице на институцијата.

Уредбата утврдува дека на вработените во јавниот сектор, кои се ослободени од извршување работа и работни задачи, во согласност со мерките за заштита од ширење и превенција од коронавирусот Ковид-19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година им се смета за искористен.

За овие вработени не е наведено до кога мора да ги искористат првите две недели од новиот одмор за годинава, односно нема одредба дека тоа мора да се стори до крајот на јуни 2020 година, како што тоа беше одредено за приватниот сектор.

Додека, пак, за оние вработени во јавниот сектор кои се ослободени од извршување на работа и работни задачи, Уредбата утврдува дека неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година, ќе им се смета за искористен.

Слични содржини