Вработените протестираат против кралицата Елизабета: „Премногу сака“

од Vladimir Zorba

Кралицата Елизабета наводно збеснала кога дознала дека нејзините вработени протестираат против нејзиниот план да ги задржи на дворот за време на Божиќ за да го намали ризикот од инфекција со коронавирус.

Околу 20 вработени се побуниле затоа што кралицата сакала да ги спречи да ги поминат празниците со своите семејства и наместо тоа сакала да ги задржи во Норфолк за да и служат на неа, принцот Филип и другите членови на кралското семејство.

Чистачите, собарите, готвачите и другите службеници не сакаат да бидат изолирани од своите најблиски, дури четири недели, се со цел да го заштитат здравјето на 94-годишната кралица која се плаши од инфекција со коронавирус.

„Кралицата е бесна, но работниците не се предаваат. Тие сакаат да и бидат лојални, но сметаат дека од нив се бара премногу”, рекол извор за „The Sun“.

Откако ги заврши сите свои должности во Бакингемската палата, кралицата обично ги поминува празниците во Сандрингем, но поради новонастанатата ситуација, таа може да го помине Божиќ во замокот Виндзор – првпат по 33 години.

Кралскиот портпарол изјави дека кралицата има намера да го намали бројот на ангажирани во Бакингемската палата во пресрет на Божиќ.

Но, таа би можела да биде принудена да донесе тешка одлука за тоа кого да покани на Божиќна вечера доколку сегашните ограничувања останат во сила до декември.

Слични содржини