Вработените се тестираат, градинките се дезинфицираат: Родителите во прашалници, за начинот на згрижување

од Берта Китинска

Голем дел од градинките пополека се подготвуваат да ги отворат вратите за згрижување на малите дечиња.

Дел од нив веќе телефонски или по писмен пат им поставуваат прашања на родителите, за тоа дали имаат потреба веднаш да бидат згрижени нивните дечиња во градинка,штом се укине мерката за отсуство од работа на еден родител на дете до 10 години.

И додека воспитно-образовните установи се подготвуваат да ги отворат вратите,министерто за здрвство најавува дека во тек е подготовката на протоколите за тоа на кој начин ќе се одвива згрижувањето на дечињата.

„Кога децата ќе се вратат во градинките, треба да бидеме сигурни дека нема асимптоматски носители на вирусот кај вработените во градинките. Истото важи и за здравствените работници и вработените во домовите за стари лица, тие ни се приоритетна група“, рече Филипче.

Воедно министерот напомена дека враќањето на децата во градинка ќе биде во пакет со враќањето на родителите на работните места.

Епидемиолози сметаат дека потребно е да се направат задолжителни тестови за коронавирус, на варботените во градинките и бидејќи тешко да се направи социјална дистанца помеѓу децата како и носење на маски треба групите да се преполоват.

Според надлежните, со отворањето на економските оператори и враќање на граѓаните на своите работни места ќе се наложи и потребата децата да бидат згрижени додека родителите им се на работа.

Од денеска почнува скринигот на вработените во градинките, како и на одредени ризични категории. Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека ќе почнат со вработените од градинките кои се близу 2000 со цел изготвување на протоколот за работа на градинките за нивно ставање во функција.

– Во следниот период очекуваме стабилна и мирна состојба во однос на епидемијата. Бидејќи капацитетите за тестирање се растоварени, од среда почнуваме со масовен скриниг, најпрвин со вработените во детските градинки, вели Филипче.

Во неколку скопски Општина започна процес на дезинфекција и чистење на душеците од креветчињата во градинките.Во голем дел од нив се реновира.

Од Министерството за труд велат дека градинките ќе бидат отворени кога ќе биде безбедно, и дека приоритет е зачувување на здравјето на децата и на вработените во градинките.

Скринингот се планира да се прави со истите ПСР тестови како и досега, а целта е со ПСР техниката да се идентификуваат асимптоматските носители. Според планот, со скринингот треба да бидат опфатени вработените во градинките, во болниците, домовите за стари лица, пациентите со хронични болести, пациентите на биолошка терапија, вработените во ЈСП и други од десетината ризични групи.

По олабавувањето на мерките расте бројот на децата во градинките во Србија

На вториот ден од работата на белградските градинки забележано е мало зголемување на бројот на децата, а градскиот секретар за образование и заштита на децата, Славко Гак, вели дека 3.966 деца дошле во градинките утрово, 536 повеќе од претходниот ден.

Гак рече дека во градинките сè се одвива без проблеми.

„Образовната инспекција е на терен од вчера, со што се проверува исполнувањето на сите мерки за безбедност на децата и вработените, а досега немаше никакви забелешки“, рече Гак.

„Беоинфо“ соопшти дека Гак изјавил оти родителите вчера се увериле дека градинките се целосно опремени и подготвени за работа дури и за време на епидемијата и затоа се очекува бројот на децата да се зголемува, иако сè уште е далеку помал од првобитно пријавените.

Слични содржини