Вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ поради ниски плати ќе штрајкуваат од 9 февруари

од Radmila Tasevska

Од Сојузот на синдикати на Македонија соопштија дека членовите на Синдикалната организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во која членуваат вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, на 9 февруари 2023 ќе стапат во штрајк поради ниски плати.

Во известувањето се наведува дека ова е првпат во 56-годишното постоење на МАНУ вработените во Секретаријатот и стручните единици да стапат во штрајк.

– Причина за штрајкот се недостоинствено ниските плати на вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, кои се далеку под просечната плата во РС Македонија, односно малку над минималната плата. Според Законот за МАНУ, МАНУ е највисоката самостојна научна и уметничка институција во државата, соопшти Сојуз на синдикатите на Македонија.

Академците на МАНУ нема да учествуваат во штрајкот, исто така ни научните соработници вработени во истражувачките центри на МАНУ.

Слични содржини