Вработените во Влада ќе се тестираат за коронавирус во приватна лабораторија

од Nikola Popovski

Вработените во Владата на Северна Македонија ќе се тестираат за КОВИД-19, соопштуваат од прес-службата. Службата за општи и заеднички работи склучила договор со приватната лабораторија Авицена, од каде набавиле 260 ПЦР тестови од кој еден чини 1.900 денари.

„На тендерот право на учество имаа сите лаборатории вклучително и Институтот за јавно здравје. Со понуди се пријавија четири компании. Избрана е компанија со која е постигната најповолната понуда, односно е постигната цена од 1.900 денари за тест. Постигнатата цена за ПЦР тест е пониска од која било што ја наплаќаат приватните лаборатории, а набавката е направена за вработени во Владата кои имаат потреба од ПЦР тестови“, велат од Владата.

Во документот доставен до Бирото за јавни набавки е наведено дека – Договорниот орган се соочил со потребата од непланирани, зголемени и дополнителни активности за превенција од ширење на болеста и со ребалансот на Буџетот во ноември 2020 година, издвоиле пари и за оваа намена. Колку е етичка оваа постапка и дали е нарушена довербата во државните лаборатории, секотори за односи со јавност писмено ни одговорија дека на тендерот право на учество имале сите лаборатории вклучително и Институтот за јавно здравје. Но избрана е приватна компанија со која е постигната најповолната понуда.

Премиерот Заев прв пат слуша за овој договор за набавка на тестови, но уверува дека верува во начинот на работа на државните инстиуции,односно ИЈЗ.

„Не сум запознаен со ваков договор, ако има таков сигурно е со причина за подобро справување со ковид кризата. Инаку, секако, имам апсолутна доверба во ИЈЗ“, изјави Заев.

Слични содржини