Враќање во Лондон, но на друга адреса: Конте блиску до Тотенхем

од Nikola Popovski

Антонио Конте нема да чека долго за нов ангажман . Италијанецот неодамна го напушти Интер, а судејќи според најавите, тој ќе стане нов менаџер на Тотенхем.

Менаџерите на Конте веќе разговараа со челниците на Спарс за деталите од договорот.

Конте го освои Скудетото со Интер минатата сезона, ја прекина доминацијата на Јувентус, но поради финансиската состојба и несогласувањата со управата за идните потези во преодниот рок, реши да го раскине договорот.

Ако дојде во Тотенхем, тоа ќе биде некаков вид на враќање на Конте во Лондон, кој го водеше Челси од 2016 до 2018 година, со кого ја освои Премиер лигата во 2017 година.

Фабио Паратичи, кому му беше понудена улога на спортски директор, може да дојде во Тотенхем со Конте. Паратичи ја преводеше таа позиција во Јувентус десет години, а Спарси му доставија понуда и наскоро се очекува одговор.

Минатата сезона Тотенхем го водеше Жозе Мурињо, кој доби отказ на 19 април. Потоа, Рајан Мејсон беше назначен за привремен менаџер до крајот на сезоната.

Тимот од Лондон ја заврши сезоната на седмото место и следната сезона ќе игра во Конференциската лига.

Слични содржини