Враќањето на Алегри во Јувентус е само шпекулација, тврди неговиот агент

од Vladimir Zorba

Агентот на Масимилијано Алегри категорично ги негираше гласините за договор со италијанскиот стратег со Јувентус.

„Враќањето на Алегри во Јувентус е само шпекулација, немаме никаков контакт. Мислам дека сака да работи во странство. Ова е негова желба сега, но во моментов нема договори со англиски, шпански или француски клубови“, рече Џовани Бранчини.

„Го чекаме вистинскиот момент да ги оцениме сите предлози и опции. Сега има екипи кои одлучуваат да ги сменат своите тренери или да продолжат да работат со нив“, додаде Бранчини, цитиран од „La Politica nel Pallone“.

Алегри работеше со „старата дама“ во периодот 2014-2019 година и освои пет шампионскi титулi, четири пати Купот на Италија и двапати Суперкупот. Во последните неколку недели, во печатот се појавија извештаи дека Јувентус планира да се раздели со тимскиот ментор Маурисио Сари. За Алегри се заинтересирани Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед.

Слични содржини