Врањеш: Му завидувам на Тошиќ што долку долго издржал со Јелена

Помина една година откако во јавноста излезе веста за наводната афера на пејачката Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш, а фудбалерот досега не давал изјави поврани за нивниот однос. Сепак, за српски Курир тој ја отворил душата.

– Се каам. Ми е срам што познавав таква личност. Времето не можеме да го вратиме, но можеме поединечни луѓе да ги избришеме од животот – рекол фудбалерот.

На прашање што се случило меѓу него и Јелена не сакал да одговори, но објаснил што му се допаднало кај неа.

– Ми се допаѓа како подготвуваше грав со свински ребра. Шегата настрана. Тоа што слатко лажеше, а јас бев наивен и ѝ верував на секој збор, додека на крајот не погледнав и видов со каква личност всушност имам работа – бил искрен Огњен, кој со Јелена не сака ниту да се види повеќе.

За нејзиниот сопруг, Душко Тошиќ, има само пофални зборови.

– Му завидуам на тој човек што успеал сите овие години да издржи со таа жена. Голем поклон -рекол Врањеш.

Огњен се откажал од тужбата против Јелена, бидејќи, како што рекол, нема време за тие „будалаштини“.

– Таа својот живот му го посвети на судовите и тужбите. Од друга страна, за што таа мене може да ме тужи? Доби реклама каква нема да добие за 14 животи. Треба да ми се заблагодари бидејќи ѝ „скокна“ цената за настап – рекол фудбалерот.

Слични содржини