Врањеш повторно за Карлеуша: Не смее да ме тужи! Знам и со кого се гледа!

Српскиот портал Информер пишува дека Огњен Врањеш го прокоментирал фактот дека Јелена Карлеуша, по нивната наводна афера за која зборува цел регион“ најавила тужба против него, но никогаш не го тужела.

„Таа не смее да ме тужи бидејќи знае дека е вистина! Ниту една тужба од неа не добив“, рекол тој, а тоа го потврди и неговиот адвокат.

„Јелена не го тужеше Огњен, тој не е опфатен во ниту една од 120 тужби кои таа ги поднела. Во видео пораката на Инсаграм рекла дека го тужи, но претпоставувам дека се откажала од тоа бидејќи нема причина зошто да го тужи“, рекол адвокатот за Информер.

Наводната афера меѓу Карлеуша и фудбалерот беше една од ударните теми на српската естрада во минатата година. Неодамна Врањеш даде интервју во кое, меѓу останатото, вели дека му се чуди на својот колега Душко Тошиќ, кој ѝ е сопруг на Јелена, но ја „чепнал„ и неа и рекол дека „знае со кого се гледа“.

Слични содржини