Вранишковски со критика кон Пендаровски: На погрешна адреса се бара признавање на МПЦ

од Берта Китинска

Расчинетиот владика Јован Вранишковски, кого СПЦ го признава како архиепископ на Православната Охридска Архиепископија – ПОА  во  интервју за српски „Блиц  упати серија  критики за писмото што македонскиот претседател Стево Пендаровски неодамна ги испрати до Вселенскиот патријарх, со барање тој да го искористи неговото апелационо право за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

„Претседателот на Северна Македонија требало прво да се информиран за тоа што значи „апелационо право“ и дали Цариградската патријаршија го има, за да решава прашања што се во јурисдикција на други автокефални цркви. Вака, изгледа несериозно претседател на една држава да бара нешто, што адресата на која се повикува не е во можност да му го испорача“, вели  Вранишковски.

Посочувајќи го примерот со Украинската црква, српскиот медиум се интересира дали за МПЦ да добие самостојност, сепак, вистинската адреса е онаа на Вселенскиот, а не на српскиот патријарх.

„Адресата не е точна, и за жал, со ваквите постапки, претседателот на РСМ докажа дека е целосно изгубен на таа позиција. Северна Македонија не е теократска држава и претседателот нема право да привилегира една верска заедница на сметка на друга. Ова го говорам затоа што пресудата на Европскиот суд за човекови права Православната Охридска Архиепископија да биде регистрирана како верска заедница во РСМ, не е исполнета од 2017 година, кога е донесена, а претседателот ниту еднаш за три години не се заинтересира до каде е дојдено со исполнување на таа пресуда“, вели тој.

Слични содржини