Вратени пасошите на Трамп кои беа запленети за време на претресот на ФБИ

од Stefanija Kuzmanovska

Пасошите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, запленети за време на минатонеделниот претрес на ФБИ во неговиот дом во Флорида, се вратени, изјави претставник на министерството за правда за NBC News.

ФБИ призна дека ги запленило пасошите истиот ден кога Трамп објави на социјалната мрежа Truth Social, која е во сопственост на неговата компанија, дека тие биле земени од агенти кои извршиле претрес на 8 август, објави американската телевизија.

Агентите на ФБИ го пребарале неговиот имот во Мар-а-Лаго на Флорида за да откријат дали Трамп неправилно постапувал со владини документи кога ја напуштил функцијата.

Слични содржини