Вредноста на 30.000 денари сега и пред една година не е иста, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

„Малку кој веруваше дека ќе имаме двоцифрена инфлација која е една од највисоките во регионот. Малку кој веруваше дека за една година цените на основните животни потреби на граѓаните ќе се зголемат од 30 до 100%“, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на видео обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски.

Цената на струјата е покачена за 30%, цената на горивата е покачена за 80%, цените на лебот и брашното се покачени за 100%, шеќерот за 40%, млекото за 50% , маслото за јадење е двојно поскапо итн.

Стандардот на граѓаните е уништен. Платите ја изгубија својата вредност. Прашањето кое треба да си го постават во владата е колкава вредност имаат 30 илјади денари сега, а колку имале пред една година.

Ковачевски треба наместо со евтини пи-ар трикови и снимени обраќања, да се симне меѓу народот и да ја види растечката сиромаштија. Над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија. Над половина милион граѓани живеат со 150 денари дневно“, велат меѓу другото од Белата палата.

Слични содржини