Времето денес сончево и топло, во Скопје максималната температура до 36 степени

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска нѐ очекува претежно сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во итнтервал од 12 до 21, а максималната од 32 до 38 степени. УВ=8.

Во Скопје, сончево со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе биде 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.

До вторник ќе се задржи стабилно и топло време, кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени.

Дестабилизирање на времето се очекува од среда, проследено со локален пороен дожд, грмежи и постепено опаѓање на дневните температури.

Слични содржини