Времето за носење одлука на Владата тече, по двата продолжени карантини во најава трет

од Берта Китинска

Владата денеска треба да решава за предлогот поднесен од Комисијата за заразни болести полицискиот час за претстојниот викенд, кој е продолжен со два празника, да почне в сабота во 19 часот и да заврши во 5 часот во вторник.

Полициски час

Причината, како што појасни министерот за здравство Венко Филипче, се должи на непочитувањето на мерките од страна на одредени граѓани, а зголемениот број новозаразени со Ковид-19 е поради настаните и семејните собири што се случувале изминатите денови. Надлежните сметаат дека со ваква ригорозна мерка ќе се постигне вистински ефект.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски вчера најави дека во текот на денешниот ден ќе има одлука на Владата каков полициски час ќе има викендов. “Сметам дека тоа што ќе произлезе од Кризниот штаб, од Комисијата за заразни болести и од владината седница ќе биде конечен став. Од една страна бараме олабавување на мерките, од друга имаме критика дека здравството не се справува добро со кризата. Јас сметам дека одлично се справуваме со пандемијата”, рече Манчевски.

Слични содржини