Врховен ја потврди пресудата: Кочан останува во затвор

од Vladimir Zorba

Врховниот суд денеска ја потврди затворската казна за бизнисменот Сеад Кочан во висина од четири години и осум месеци.

Кочан во предметот „Труст“ на СЈО е осуден за лажирање документација за учество на тендер на државната компанија ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра за ископување јаловина и јаглен од рудникот „Суводол“ во Битола.

Во предметот на СЈО со Кочан беа обвинети и Василие Авировиќ и Сафет Ветиќ, како и две фирми – „Трансмет“ и „Силекс неметали“.

Кочан лани на 31 август беше спроведен на издржување на затворската казна во затворот Идризово.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 23 септември 2020 година, одлучи по предметот заведен под КВП2бр.114/19, коj е оформен по поднесени барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од бранителите на осудениот Сеад Кочан од Скопје. Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелациониот суд Скопје“, соопштија од Врховен суд.

Слични содржини