Врховна рада: Пожари во близина на Чернобил шират радијација

од Milan1

Врховната рада на Украина предупреди дека на територијата на Чернобил алтивни се најмалку седум различни пожари. Тие биле регистрирани со снимки од сателитот Сентинел-2 на Европската вселенска агенција.

Според знаците за класификација за итни случаи, критериумите за пожар во зоната на исклучување не смеат да надминуваат обем од 0,05-0,2 квадратни километри, но сегашната состојба на пожарната зона ги надминува тие бројки десетици пати. Во врска со пожарите, ризиците од радијација се зголемуваат во радиус од 10 километри од нуклеарната централа Чернобил.

Слични содржини