Врховниот суд ќе одлучува за директната примена на Уставот и на Европската конвенција за заштита на човековите права

од Stefanija Kuzmanovska

Врховниот суд на Република Северна Македонија наскоро ќе одлучува за прашањето за директна примена на Уставот и на Европската конвенција за заштита на човековите права.

Прашањето е во врска со членот 72 од Законот за Судскиот совет и недозволеноста за поднесување жалба или тужба од страна на судија и на претседател на суд против одлука на Судскиот совет во повторената постапката во која задолжително треба да се почитуваат напатствијата на Советот за жалба при Врховниот суд.

Според претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, прашањето за директната примена на Уставот и на Конвенцијата за кое ќе расправа Општата седница е од големо значење од аспект на човековите и граѓанските права и има голема улога за унапредувањето на судската практика преку примената на стандардите на Европскиот суд за човековите права.

Досега, Општата седница води плодна дискусија за ова прашање и тоа со присуство и придонес и на универзитетски професори. Целта е да се развие квалитетна дискусија со оглед на важноста на прашањето за судскиот и за правниот систем во државата.

Слични содржини