Врховниот суд ги потврди казните за Груевски, Јанкуловска и Поповски

од Aleksandar Petrovski

Врховниот суд информираше дека се одбиени жалбите поднесени од страна на осудените во предметот Тенк, Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски и ја потврди правосилната пресуда за предметот донесена од страна на Апелацискиот суд.

Второстепениот суд претходно ја потврди 2 годишната затворска казна за екс премиерот Никола Груевски за набавка на луксузниот мерцедес, додека на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска казната и беше намалена од 6 на 4 години затвор. Апелација му ја намали затворската казна и на поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски од 6 ипол на 4 години.

Слични содржини