Врховниот суд на Британија одби распишување на референдум за независност на Шкотска

од Stefanija Kuzmanovska

Парламентот на Шкотска нема овластување да донесе закон за распишување на референдум за независност на Шкотска, соопшти Врховниот суд на Британија.

Новиот референдум за независност на Шкотска и понатаму е во центарот на британската политика. Мислење за законитоста на таквиот потег, на барање на шкотската влада, даде и британскиот Врховен суд.

Повторувањето на референдумот за независност на Шкотска беше отфрлено од четворица британски премиери по ред.

Владата во Единбург тогаш побара мислење од британскиот Врховен суд.

По прегледот на голем број документи, кои опфаќаат повеќе од три века сојуз, судот ја донесе својата конечна одлука.

„Парламентот на Шкотска нема моќ да донесе закон за распишување референдум за независност на Шкотска“, изјави главниот судија на Обединетото Кралство, Роберт Рид.

Слични содржини