Врховниот суд на САД не го суспендираше законот кој забранува абортус по 6 недели од бременоста

од Vladimir Zorba

Врховниот суд на САД одби да го суспендира законот на американската држава Тексас, кој забранува абортус по шест недели од бременоста.

Судскиот совет беше поделен, а четворица од деветте судии беа против одлуката.

Судот не одлучи за уставноста на законот, кој стапи во сила 24 часа порано, но се повика на „прашања за сложени и нови процедури“.

Забраната за абортус по шестата недела од бременоста стапи во сила во Тексас утрото на 1 септември, дури и во случаи на силување или инцест.

Ваква забрана за абортус не е донесена во ниту една земја од 1973 година.

Слични содржини