ВРСКАТА ПОТВРДЕНА: Се појавија фотографии од Кание и Ирина Шајк

од Vladimir Zorba

Веста дека Кание Вест се забавува со Ирина Шајк, која беше објавена пред неколку недели, одекна како бомба.

Сепак, сите имаа недоверба во таа информација од озборувачка страница на Инстаграм, но според американските медиуми, сепак е точно дека Кание и Ирина се во врска.

Имено, Кание е виден на романтична прошетка со Ирина Шајк во Прованса, Франција, каде што престојуваат заедно во луксузниот бутик хотел Вила Ла Косте. Таму го прославија неговиот 44 роденден.

Да потсетиме, Кание и Ирина соработуваа повеќе пати во минатото. Шајк се појави во спотот за песната на Вест „Power“ во улога на златен ангел во 2010 година. Се чини дека тогаш оставила впечаток на раперот, бидејќи тој ja спомна во текстот на неговата песна Christian Dior Denim Flow.

– Сакам да ја видам Ирина покрај Доуцен – запеа тој во споменатата песна, мислејќи на холандскиот модел Доуцен Крос (36).

Во 2021 година, Ирина направи модна ревија за модната марка на Кание на Париската модна недела. Манекенката е обожавателка на брендот Вест, па минатиот месец беше видена како носи маица со неговиот потпис.

Ирина и актерот Бредли Купер (46) имаат ќерка (4), а раскинаа во 2019 година по четири години врска. Пред него, моделот беше во врска со фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо (36).

Слични содржини