Врските со нив се пекол: Овие хороскопски знаци се најлошите партнери

од Stefanija Kuzmanovska

Нивното однесување често доведува до проблеми во врската, било да е тоа недостаток на комуникација, прекумерна посесивност, љубомора, неверство.

Близнаци

На врвот на оваа листа се најдоа Близнаците, кои сакаат многу да зборуваат и често не обрнуваат внимание на тоа што им зборува и како се чувствува нивниот партнер. Тие често мислат само на себе, и на своите цели и задоволства и брзо им здосадува сè, па така и партнерот кој за кратко време може да биде далечно минато.

Скорпија

Овој хороскопски знак важи за доминантен и посесивен знак и нивната контрола над партнерите често е неограничена. Тие знаат да бидат многу љубоморни, но и многу таинствени, што може уште повеќе да ги отежни работите во врската.

Водолија

Водолиите не знаат да покажуваат чувства и се сметаат за знаци кои немаат емпатија, па со нив не може да се разговара за емотивни теми. Уште попроблематично е што не зборуваат за тоа што им се случува во главата, што често води до недоразбирања, често и до расправии и на крајот се дистанцираат.

Слични содржини