Вртоглава аукциска цена за чорапите на Мајкл Џексон

од Elena Daskalova

Личните предмети на Мајкл Џексон повторно се најдоа на аукција. Минатата година негова јакна е продадена за 300.000 долари, а сега moonwalk-чорапите бараат свој нов сопственик.

Нивната почетна цена е 97.500 долари. Првпат вакви чорапи тој носел во 1983 година. Еден пар е на продажба, а ќе ги купи оној кој ќе понуди највисока сума.

Има голем интерес за аукциите на кои се продаваат предмети на познати личности, а едно од парчињата кои привлекуваат најмногу внимание е и фустанот на Мерилин Монро, кој го носела кога соопштила дека раскинала со бејзбол-легендата Џо Димаџо. Почетната цена е 100.000 долари. Претходно, фустан на Монро беше продаден за 4,8 милиони долари и тоа токму оној во кој ја отпеала „Happy birthday“ за Џон Кенеди.

Високи цени достигнуваат и фотографии од популарни личности, а најскапа досега била слика на Битлси, од настапот во вашингтонскиот Колосеум, од 1964 година, продадена по цена од 290.000 евра.

Слични содржини