Вртоглава цифра: Се продава луксузен стан во кој живееја Џони Деп и Амбер Херд

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот стан на поранешната актерска двојка во центарот на Лос Анџелес моментално се продава за милион и 765 илјади долари.

Пентхаусот на покривот се наоѓа во една од најистакнатите историски знаменитости на Лос Анџелес, во зградата на Источна Колумбија.

Овој луксузен стан има 165 квадратни метри. Има една спална соба, две бањи и отворена дневна соба. Во рамките на зградата, станарите можат да го користат и базенот на покривот, спа центар, зен градина и фитнес студио.

Инаку, Џони Деп претходно поседувал пет пентхаус апартмани на врвот на зградата. Сепак, по разводот од Амбер во 2016 година, актерот ги продаде за вкупно 12,78 милиони долари.

Да потсетиме, Џони Деп ја тужеше Амбер Херд за клевета, тврдејќи дека му ги уништила угледот и кариерата, бидејќи во една колумна објавена од „Вашингтон пост“ во 2018 година напишала дека трпела семејно насилство. Иако актерката не го спомна познатиот актер, оваа колумна привлече големо внимание, а Деп поради последиците ја поднесе споменатата тужба.

Судењето траеше шест недели, а конечната одлука беше во корист на Деп.

Слични содржини