Вселенски Интернет наскоро ќе ја покрие целата Земја

од Nikola Popovski

Благодарение на Старлинк, Елон Маск е се поблизу до целта што ја постави пред неколку години – Интернетот од вселената ќе биде достапен за луѓето во руралните области каде било на Земјата.

Тој на својот профил на Твитер (и каде на друго место) откри дека до крајот на оваа година, поголемиот дел од нашата планета ќе биде покриен со Интернет „Старлинк“ и дека во 2022 година нема да има места каде што не стигнува неговиот сигнал.

Патем, Старлинк се состои од сателити лансирани во ниска орбита, а бројот на сателити кои обезбедуваат услуга на „вселенски интернет“ до корисниците каде што нема инфраструктура за друг вид, само ќе се зголеми.

Еден дел од населението во САД веќе може да користи Интернет Старлинк, чија брзина е помеѓу 50 Mbps и 150 Mbps, а латентноста е малку поголема во споредба со класичниот Интернет – помеѓу 20 ms и 40 ms.

Маск вети дека до крајот на оваа година, латентноста ќе биде најмногу 20 ms, и дека, по некое време, брзината на интернетот ќе се искачи до 300 Mbps. Сепак, квалитетот на услугата ќе зависи и од локацијата на корисникот.

Ако се прашувате колку чини ова задоволство, плаќате еднаш за инсталирање на терминал и специјален рутер, а потоа месечната претплата е симболични 99 американски долари.

Слични содржини